Регион

Хрватска: „Браќа Пивац“ влегува во сопственичката структура на „Целјске меснине“

21 May 2024

Месната индустрија „Браќа Пивац“ потпиша договор со кој влегува во сопственичкиот удел на „Целјске меснине“, при што нема да има промени во управувачката структура.

 Со влегувањето во „Целјске меснине“, месната индустирја „Браќа Пивац“, продолжува да ја зајакнува својата позиција и присуство во регионот. Со постепено проширување на нови пазари, тие се фокусирани на пронаоѓање партнери кои ја споделуваат нивната визија за одржлив развој и квалитет на производите. „Браќа Пивац“ ги преземаат сегментите од работата на „Целјске меснине“ со кои двете компании се ускладени, додека  сегментот за производство на вино и шампањот Radgonske gorice, кој опфаќа и земјоделско земјшите, не се предмет на интерес.

Ја препознавме „Целјске меснине“ како вредна компанија со голем потенцијал, а покрај јакнењето на ликвидноста на компанијата, влезот во сопственичката структура ќе го фокусираме на создавање на услови за нејзиниот  понатамошен развој преку инвестирање и целокупно унапредување на работата. Ова стратешко партнерство е компатибилно на повеќе деловни нивоа, со оглед дека двете компании се големи месни производители и преработувачи на домашни суровини, со повеќегодишно искуство и применето знаење. Оваа синергија ќе ни овозможи посилно позиционирање на најценетите производи од двете месни индустрии, како што е натамошното пласирање на крањската колбасица на хрватскиот пазар, каде што е ценета, но и на далматинската пршута во Словенија, изјави Невен Пивац, претседател на управата на месната индустрија „Браќа Пивац“, која е една од најреспектабилните месни индустрии во овоj дел од Европа.

Извор: Instore.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...