Регион

„Перутнина Птуј“ влегува на албанскиот пазар

02 May 2024

Украинската антимонополска комисија (АМСУ) му дала лиценца на словенечкиот производител на живина, „Перутнита птуј“ д.о.о, на огранокот на украниската групација „МНП“ и на албанската компанија „Балкан инвестмент груп“, да основаат заедничка фирма „Перутнита Птуј Албанија“

Во март, албанскиот регулатор за пазарна конкуренција го одобрил основањето на заедничката компанија.

 Според договорот, словенечката компанија ќе има 81% удел во заедничкатa компанија, албанската 19%, а двете компании заеднички ќе ја водат компанијата.

 АМСУ дал зелено светло и за индиректна аквизиција, на новата заедничка компанија, над 50% во четири други албански компании: „Дриза“, „Фреш чикен Албанија 2019“, „Индустрија форагере“ и „Еуро Алб 2009“.

Дејноста на  „Перутнита Птуј“ – Албанија ќе биде одгледување на живина и производство на месо, трговија со живинарски производи, како и давање услуги и трговија.

Моментално „Перутнита Птуј“ во Албанија работи преку дистрибутерот „Космоте Фудс Тирана“

 Извор: „Сибиз“

Фото: „Перутнина Птуј“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...