Регион

Бугарија: „Карфур“ ги отвори првите продавници

09 апр 2024

Десет години откако се обиде да влезе на бугарскиот пазар, трговскиот синџир „Карфур“ ги отвори своите први продавници во Бугарија.

 Како што пренесува порталот „Капитал“ минатиот месец компанијата отворила две продавници во Софија, во кои на потрошувачите им достапен асортиман со над 8.000 производи. Од асортиманот на производи, околу 300 производи се од приватна трговска марка, а се очекува оваа бројка да достигне до 800 производи.

 Новите продавници ги замениле досегашните продавници на „Паркмаркт“, благодарејќи на соработката со компанијата „Ритејл & море“, која на трговците им нуди франшизни парнерства. Во склоп на соработката се очекува до крајот на годината околу 25 продавници на „Паркмарт“ и „Алдо“ да се преуредат и преименуваат како продавници на „Карфур“.

 Пред речиси десет години „Карфур“ го напушти бугарскиот пазар поради финансиски тешкотии во кои се најде поранешниот франшизен оператор „Маринополус“.

 Минатата година, компанијата најави враќање на бугарскиот пазар, додавајќи дека до 2026 година преку франшиза планира да влезе на 10 нови пазари.

Извор: INB2B Media

Фото: „Карфур“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...