Македонија

„Конад“ планира влез на македонскиот и на црногорскиот пазар

18 Jul 2024

Албанското претставништво на „Конад“ соопшти дека планира да се проширува со влез  на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија.

Порталот „Рителј Србија“ пренесува дека италијанскиот трговски синџир „Конад“ во Албанија поседува околу 40 модерни супермаркети опремени по највисоки светски стандарди и во последите години остварува позитивен пораст во своето работење.

Приходите кои компанијата ги остварила од продажба од 2018 до 2022 година пораснал од 44 на 72 милиони евра, што е пораст од 63%.

Покрај присуството на пазарот во Албанија и на матичниот пазар во Италија, компанијата е присутна и во Сан Марино, Кина и Косово.

 

Извор: banker.me

Фото: „Конад“

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...