Регион

Србија: „Штарк“ започна со проектот „Сладок четврток“

01 Apr 2024

 Компанијата „Штарк“ во рамките на проектот „Сладок четврток“ повторно ја отвора вратата за најмладите.

Сите Основни училишта од прво до четврто одделение ќе можат да контактираат со централата на компанијата „Штарк“ и да се пријават за посета на фабриката.

 Покрај можноста да видат и да откријат како настануваат брендовите како што се Bananica, Smoki и Najlepše želje, најмалите ќе имаат можност да учествуваат во интерактивната работилница на лабораторијата „Б & Д“, како и да ги пробаат новитетите на лице место, соопштуваат од компанијата во својата објава на нивниот профил на „Линкедин“. 

 Од компанијата додаат дека за сите ученици ќе бидат подготвени и подароци кои ќе ги добијат за време на посетата.

 

 

Извор/Фото:  „Штарк“/„Ликендин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...