Регион

Србија: „Универекспорт“ е достапен на платформата „Глово“

01 Apr 2024

Платформата „Глово“ соопшти дека склучи партнерство со српскиот малопродажен синџир „Универекспорт“.

 Почнувајќи од оваа недела, корисниците на „Глово“ во категоријата „супермаркет“ ќе имаат достапни дури 5.000 различни производи од понудата на „Универекспорт“, со брза испорака до дома за речиси 30 минути.

 На апликацијата на „Глово“ постојан 28 локации на „Универекспорт“ во 10 градови: Белград, Нови Сад, Суботица, Сомбор, Панчево, Зрењанин, Крушевац, Јагодина, Лазаревац и Обреновац.

 За одбележување на почетокот на соработката, „Глово“ за сите корисници од наведените градови обезбеди бесплатна испорака за првата нарачка во текот на април.

Извор: InStore.rs

Фото: „Глово“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...