Регион

Србија: „Др. Еткер“ ги претстави новите чоколада

28 Mar 2024

Претставниците на компанијата „Др. Еткер“, на средба со новинарите им  ги претставија новитетите од нивниот асортиман -  црното и млечното чоколадо.

Од компанијата соопштија дека чоколадата се пакување од 150 гр, и се истакнуваат по нивниот деликатесен вкус и фината структура. Чоколадата се практични за конзумирање и за подготовка на омилените слатки и многу лесно се дозираат. Млечното чоколадо содржи 33% делови од какао, додека црното чоколадо е посно и содржи 46% делови од какао.  Препознатливото лого на пакувањата „Раинфорест алијанс“ гарантира дека чоколадата содржат производи од какако добиени од одржливи извори.

 Многу сме среќни од воведувањето на новитети во асортиманот, за кој веруваме дека ќе ги израдува љубителите на чоколадо. Совршени се за јадење, но се и најфина состојка за подготовка на омилените слатки за мигови на уживање. Има уште многу да се кажува за нив, но оставаме да ги пробате и сами да се уверите, изјави Далиборка Росиќ, директорна на маркетинг во компанијата „Др. Еткер“ – Србија.

 

 

Извор: InStore

Фото: „Др.Еткер“

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...