Регион

Словенија: „Хофер“ ги зголеми платите на вработените

20 Feb 2024

Од први јануари годинава, во „Хофер“ биле зголемени платите на сите вработени во секторите продажба, логистика и администрација.

Бруто платата на продавачите во највисоката платна класа, за 40 работни часови неделно за прв пат преминува 2.000 евра ,соопштуваат од компанијата.

Годинава за прв пат продавачите во највисоката платна класа добиваат над 2.000 евра бруто плата за 40 работни часови неделно, а платата им била зголемена бруто над 400 евра во последните четири години. Во 2024 година, платите на продавачите во „Хофер“ ја надминуваат словенечката просечна заработувачка за дури 60 отсто.

Горди сме што секоја година можеме на нашите колеги да им обезбедиме една од најголемите исплати во Словенија меѓу компаниите во секторот трговија со стоки за широка потрошувачка. Со ова од една страна го подигаме угледот на трговската професија, а од друга страна задоволството на нашите вработени. Дека сме на вистинскиот пат потврдуваат и резултатите од последното анонимно истражување, бидејќи вкупниот индекс на задоволство во „Хофер“ се искачи на 89 отсто, изјавила Петра Штрукељ, која раководи со Одделот за човечки ресурси во „Хофер.“

Откако влезе на словенечкиот пазар во 2005 година, компанијата на своите вработени им нуди натпросечни плати во секотор малопродажба. Никој од над 2.000 вработени не зема минимална плата, напротив - за помалку работни часови (просечно 30 часа неделно во продажба) земаат многу повисока плата од словенечката минимална плата за 40 часа неделно. Продавачот на „Хофер“ сега добива 1.503,66 евра бруто за 30 часа неделно во највисоката платена класа, што е за 19,92 отсто повеќе од словенечката минимална плата за 40 часа неделно (1.253,90 евра бруто).

 Годинава повеќе од 2.000 вработени во „Хофер“ ќе добијат висок регрес во износ од 1.800 евра и повисока декемвриска награда за деловен учинок  во износ од  400 евра бруто (лани изнесувал 300 евра), соопштуваат од компанијата.

Извор: InStore Slovenija

Фото: „Хофер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...