Регион

Хрватска: Експанзија на извозот на крем сирењето ABC

19 Feb 2024

Крем сирењето ABC продолжува да се шири на пазарите низ Европа, откако на домашниот пазар ја има водечката позиција.

Избраниот асортиман на производите моментално е достапен во десет европски земји, а од овој месец ќе започне продажбата и на пазарите во Унгарија, Шпанија и Малта. Целиот асортиман на сирењата ABC е веќе испорачан до малопродажните синџири во Унгарија, а во тек се испораките на првите количини во Шпанија и Малта, соопштуваат од компанијата.

Директорот за продажба и маркетинг на „Беље“, Јурица Беле, истакнува дека сирењето  ABC, e најважниот извозен производ  на компанијата и дека паралелно работа на извозните потенцијали во Европа и Северна Америка.   

 На крајот на минатата година беше редизајнирана амбалажата на свежите крем сирења ABC, а новите визуелни елементи дополнително го истакнаа едноставниот, но совршен вкус.  

Извор/Фото: Instore.hr

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...