Регион

Србија: „Дијамант“ одржа кулинарска работилница

12 Feb 2024

Компанијата „Дијамант“ ја одржа втората по ред интерна кулинарска работилница наречена „Љубов & Мафинини“.

Како што објаснуваат од компанијата, во рамките на кулинарската работилница вработените во „Дијамант“ заедно со колешката Бранислава Буњевац, која е техничарка за примена на производите, учествувале во креирањето на слатки и солени производи од тесто.

Ова не е приказна само за правење на слатки, ова е приказна за тимска работа, споделување на искуства и предизвикување на фантазијата. Убаво е да се види како нашите колешки создаваат вкусни мафини, но уште поважно е заедништвото и забавата која ја делиме додека се дружиме околу масата, порачуваат од компанијата.

 Првата кулинарска работилница била одржната на крајот на минатата година, на тема „бухтли“, а во рамките на втората работилница имало собир на колешките од секторот продажба, маркетинг, лаборатории и производство, кои низ интерактивниот предизвик „Печење колачи“, се обиделе да го откријат најдобриот рецепт за мафини.

 

 

 

Фото/Извор : „Дијамант“/LinkedIn



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...