Регион

Хрватска: Пад на увозот и извозот во 2023 година

09 фев 2024

Вредноста на хрватскиот извоз на стоки во 2023 година изнесувал 22,8 милијарди евра, што е за 5,3 отсто помалку од 2022 година, а увозот бил намален за 6%, на 39,4 милијарди евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Надворешно трговскиот дефицит во 2023 година изнесувал 16,5 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз 58%, а во 2022 година, покриеноста била 57,6 проценти.

Според ДЗС, лани во членките на ЕУ биле извезени стоки во вредност од 15,5 милијарди евра или за 6,7 отсто помалку од претходната година. Вредноста на увезената стока од земјите членки на ЕУ била зголемена за 2,1%, и изнесувала 30,2 милијарди евра.

Статистиката за извозот во земјите кои не се членки на ЕУ бележела пад од 2,1%, или 7,4 милијарди евра, со истовремен пад на увозот на стоки од земјите надвор од ЕУ, за 25,4%, или

 9,2 милијарди евра. Во првите 11 месеци од 2023 година извозот бил намален за 4,8% во однос на истиот период од 2022 година, или 21,1 милијарди евра, а увозот е намален за 5%, или 36,5 милијарди евра.

 

Извор:Glas Slavonije

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...