Регион

Србија: „Макси онлајн“ е прогласен за најдобар онлајн супермаркет

06 Feb 2024

 „Макси Онлајн“е носител на овогодинешната специјална награда „Најдобар онлајн супермаркет во Србија“ како дел од 27-от избор на „ПЦ Пресс“ за Топ 50 најдобри онлајн работи.

Признанието кое е доделено на интернет продавницата на трговскиот синџир „Делизе“, ја рефлектира неговата стратешка посветеност кон постојани иновации, високиот квалитет на услугите и производите, како и во зацврстување на лидерската позиција во дигиталната малопродажба. Континуираните напори во овозможувањето на врвното искуство во современто купување, кои се насочени како кон индивидуалната потрошувачка, така и кон деловните субјекти, се препознаени од купувачите кои сѐ почесто се определуваат набавката да ја прават преку оваа интернет продавница, која секога година бележи континуиран раст, соопштуваат од компанијата.

„Макси онлајн“ месечно имал милион посети и над 20.000 реализирани нарачки.

 Покрај тоа, „Макси онлајн“ отворил специјализирано складиште за е-дистрибуција на храна, прво од овој вид во Србија. Овој дистрибутивен центар овозможил брза и ефикасна доставава на намириници до корисниците.

Со асортиман од 8.000 производи и дуплиран број на извршени нарачи во текот 2023 година во однос на претходната, „Макси Онлајн“ продолжува да ја зацврстува својата позиција на малопродажниот пазар, оправдувајќи го признанието за најдобар  онлајн супермаркет во земјата, соопштуваат од компанијата.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Делизе“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...