Регион

Србија: „Медиус“ отвори нов продажен објект

25 Dec 2023

Компанијата „Медиус“  отвори нов продажен објект во Стара Пазова на адреса „Виноградска “ 22-23.

Новиот продажен објект е триесетти во Србија и шести продажен објект во Стара Пазова.

Од компанијата соопштуваат дека новоотворениот објект е на вкупна површина од 404 квадратни метри, од кои 265 метри квадратни е продажен простор, додека магацинскиот простор е на површина од 139 метри квадратни.

Новиот продажен простор има две каси и  во понудата на асортиманот има околу 7.000 арткли.  Како важен дел од понудата се истакнува свежото месо и месните преработки од сопственото производство на месарницата „Медиус“.

 Извор: InStore.rs

Фото: „Медиус“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...