Регион

Романија: „Пепсико“ инвестира 13 милиони долари во автоматизација

18 Dec 2023

Компанијата „Пепсико“ инвестираат 13 милиони долари во автоматизација на линијата за безалкохолни пијалаци во својата фабрика во градот Драгомирешти во Романија.

 Се очекува капацитетот на линијата да биде еден  милион платични шишиња дневно, што е раст на капацитетот од 60%, наведуваат во соопштението од компанијата.

Потрошувањето на енергијата во фабриката ќе биде намалена за 30% во споредба со конвенционалните линии, зголемувајќи ја енергетската ефикасност за 30% по произведен литар.

Покрај тоа, компанијата ќе ја намали емисијата на СО2 за 20%, како и потрошувачката на вода за 30% по литар произведен пијалак.

Оваа инвестиција е дел од петгодишниот план за развој на компанијата за развој на оваа фабрика која вклучува инвестирање на вкупно 40 милиони долари, соопштуваат од компанијата.

Инвестирањето во автоматизацијата ја одржува нашата посветеност во иновациите, одржливоста и ефикасноста. Новата линија може да произведе околу милион шишиња дневно, истовремено трошејќе 30% помалку енергија од конвенционалните линии. Високото ниво на автоматизација им овозможува на нашите вработени да се фокусираат на унапредување на процесот, на професионалниот и личниот развој, како и на континуираното поедноставуавње на работата. Оваа инвестиција ќе нам ќе ни помогме да ја засилиме позицијата на регионалниот и дистрибутивен пазар за централна и југоисточна Европа, изјавил Раду Беревоеску, генерален менаџер на „Пепсико“ за Источен Балкан.

Инвестицијата има за цел ги унапреди производните линии, како и да ги засили производните капацитети на 800 милиони литра годишно. Исто така, тоа вклучува и изградба на целосно автоматизирано складишне од 15.000 квадратни метри во рамките на инвестицијата од 15 милиони долари.  

 

 

Извор: FoodBev

Фото: „Пепсико“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...