Регион

Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ од денеска започнува во Белград

16 Nov 2023

Седумдесет и четири македонски и винарии и производители на храна ќе се најдат меѓу 600 излагачи од 30 земји на меѓународниот Саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ и кулинарскиот спектакл „Фуд Вижн“ што од денеска до недела се одржуваат на Белградскиот саем.

Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се од земјите членки на Отворен Балкан. Покрај  74 македонски претставници ќе има 260 од Србија и 21 од Албанија.

Првиот саемски ден ќе биде од затворен карактер за професионални купувачи и високи личности. Меѓу нив ќе има и претседатели, премиери и луѓе од владите на земјите од Отворен Балкан и на други земји кои ќе ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ. За утре вечер е закажана „Македонска вечер“ на која ќе бидат презентирани наши производи.

Минатата година на првото издание на саемот „Винска визија Отворен Балкан“ имаше 400 производители на вино и храна од над 22 земји, меѓу кои и 42 винарии од земјава, како и „Македонска вечер“ на која покрај лидерите од регионот беа присутни и голем број бизнисмени.

Саемот се одржува под покровителство на владите на Албанија, Србија и Македонија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...