Хрватскиот производител на кондиторски производи „Краш груп“ објави влез на бугарскиот пазар во парнерство со бугарската дистрибутивна компанија „Делион“.
„Краш“ континуирано расте во унапредувањето на својот извозен потенцијал, така што на крајот на 2022 година, потпиша договор за дистрибуција со бугарската компанија „Делион“, се наведува во соопштението на „Краш“, пренесува „Сибиз“.
„Краш“ во моментов на бугарскиот пазар го извезува својот бренд - чоколадото Dorina, а покрај тоа компанијата ги истакна плановите за извоз на другите производи, меѓутоа не се се прикажани финансиски детали во врска со извозот во Бугарија
Производите на оваа компанија се достапни во над 35 држави во светот, а„Краш“е еден од водечките хрватски извозници чие производство, повеќе од половината се извезува.
„Делион“ кој е дел од бугарската „ВМ Фајнанс Груп“ има 20 годишно искуство во увоз, маркетинг и дистрибуција на алкохолни пијалоци, вино и тутунски производи во Бугарија.
Извор: Instore.rs
Фото: Kraš
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.