Регион

Акцизите за кафе, алкохол и тутунски производи зголемени за 8 отсто

02 Oct 2023

Царините за гориво, кафе, алкохол, тутунски производи и нафтени деривати во Србија се поскапени од недела, 1 октомври. Акцизите за овие производи ќе се зголемат за осум проценти.

Алкохолот е еден од производите кои спаѓаат под акцизна стока, а законот признава неколку категории на алкохолни пијалоци, па затоа и наплатите се различни. Во законот за акцизи е наведено дека за нискоалкохолните пијалоци кои содржат од 1,2 до 15 отсто алкохол, како што е виното, давачката е 23,14 динари за литар, додека за пивото 26,44 динари за литар, пишува српска „Нова“.

Кога станува збор за силните алкохолни пијалоци, со содржина на алкохол од најмалку 40 отсто, како што е вискито, акцизата се пресметува на количината на чист алкохол.

По зголемувањето, висината на акцизата за нискоалкохолните пијалоци е 24,95 динари, на пивото 28,56, а на жестоките пијалоци 49.950 динари за 100 литри чист алкохол, односно 199,8 динари за шише.

Државната давачка за килограм непечено кафе изнесувала 92,99 динари, а за килограм печено кафе 116,23. За килограм кафени лушпи државата земала 127,85 динари како акциза.

Акциза се наплаќа и за екстракти од кафе, 174,36 динари за килограм. Но, со усвојување на осум отсто зголемување на акцизата, државата ќе има приход од 100,43 динари од килограм непечено кафе, а 125,53 од килограм печено кафе.

Кога станува збор за пурите, акцизата на едно пакување би можела да изнесува 90,99, наспроти претходните 84,25 динари.

Поскапува и акцизата на горивото. Цената на горивото моментално е 214 динари за литар дизел и 191 динар за литар бензин.

Покрај сите овие производи, ќе се зголемат и акцизите за гас, како и никотинските кесички и другите никотински производи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...