Откако цените на храната во Словенија драстично се зголемија во првата половина од годината, словенечките трговци сега ги намалуваат, а некои производи поевтинија и до 50 отсто.
Синџирот маркети „Хофер“ извести дека се намалени цените на млечните производи, месото, рибата, маслото, оризот и тестенините. Од „Шпар“ – Словенија соопштија дека ги намалиле цените на 1.400 производи во просек за 11 отсто, но некои производи поевтиниле и од 40 до 50 отсто, како свинските шницли и сончогледовото масло. Во „Меркатор“ се намалени откупните цени на одредени категории производи (млечни производи, масло, брашно и свежо месо). Од друга страна, „Туш“ предупреди дека и покрај овие намалувања, сепак добиваат најави од некои производители за можно ново поскапување.
Цените на одредени производи во Словенија значително се намалиле. На пример, цената на млекото, кое пред летото чинела меѓу 1,09 и 1,25 евра за литар, сега се движи од 0,79 до 1,09 евра за литар. Цената на путерот падна од меѓу 2,29 и 3,39 евра на сегашните 1,69 до 2,59 евра. Цената на гауда сега е 3,96 евра за килограм, иако во некои продавници може да достигне и повеќе од 12 евра за килограм, додека пред летото варирала меѓу 6,53 и 9,98 евра за килограм. Исто така, цената на јогуртот е намалена од просечни 1,19 евра на 0,89 евра за литар во повеќето продавници. Намалена е и цената на сончогледовото масло, која сега се движи од 1,29 до 2,99 евра.
Извор: Žurnal24
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.