Словенечки „Туш“ и партнерите, во рамки на хуманитарниот проект „Да се насмееме“ обезбеди бесплатен еднонеделен одмор на море за 500 деца. Притоа, овозможени им се креативни, спортски и друштвени активности.
Овој проект „Туш“ го спроведува веќе 21 година и досега 10.500 деца имаа можност бесплатно да летуваат. За изборот на децата е задолжен Црвен крст на Словенија.
Во собирањето средства за летување учествуваа и нашите деловни партнери, како и купувачите. Така веќе 21 година, дури и во време на лоши економски услови, уште поважно е да ги насмееме децата и да им овозможиме да летуваат на море и да имаат незаборавно искуство, изјави Душан Митиќ, директор на „Туш“.
Извор: InStore.si
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.