Управата на хрватски „Краш“ донесе одлука да ги зголеми платите на вработените во производство и во магацини, а зголемени се и материјалните права во делот на примања што не се оданочуваат, за сите вработени.
Како што наведуваат од „Краш“, овој потег е во насока на намерите на компанијата континуирано да ги подобрува условите за работа и благосостојбата на своите вработени, поради што од мај до крајот на оваа година ќе бидат вложени дополнителни 1,2 милиони евра во зголемување на надоместокот за 1.050 работници во производство и магацини, како и надомест за исхрана.
Најновото зголемување на платите е продолжување на повеќегодишната пракса на систематски вложувања во вработените и е само еден од начините да се унапреди задоволството на вработените, што е приоритет во работењето на „Краш“, соопштија од компанијата.
За потсетување, „Краш“ лани оствари приход од 156,1 милион евра, а по покривањето на вкупните расходи остварена е добивка пред оданочување во износ од 5,9 милиони евра, што е пораст од 16,5 отсто во однос на годината претходно.
Извор: InStore.hr
Фото: Kraš
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.