Регион

„Билла“ вложува 16 милиони евра во продавниците во Бугарија

19 Jun 2023

„Билла“ ги најави плановите за вложување на 32 милиони лева (16 милиони евра) во реновирање на своите продавници во Бугарија во текот на 2023 година. Реновирањето опфаќа изградба на нови влезни простори, интеграција на нови дигитални решенија вклучувајќи каси за самопослужување, како и нов изглед на продавниците полесен за ориентација. 

Во рамки на реновирањето, каси за самопослужување веќе се поставени на 63 локации на трговецот. 

Од почетокот на годинава, „Билла“ целосно реновира четири свои продавници: во Благоевград, Варна, Русе и Шумен.  

Исклучително сме задоволни со напредокот на нашиот проект за реновирање, како и од позитивните реакции на купувачите. Нашиот фокус е на подобрување на секојдневното корисничко искуство - во последните три години вложивме блози 60 милиони лева во модернизација на нашите продавници во согласност со европските трендови, соопштија од „Билла“ - Бугарија. 

Извор: esmmagazine
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...