Регион

„Нелт“отвара суво пристаниште во Крушевац

31 мај 2023

Покрај терминалот во Белград, „Нелт“ во вториот квартал од годинава планира отварање на терминал и во Крушевац, што ќе помогне да се зголеми логистичката инфраструктура во регионот и територијално ќе го прошири портфолиото на логистичките услуги што ги дава. 

Новиот терминал е позициониран во индустриската зона на 10 километри од европскиот коридор 10, покрај идниот Моравски коридор. Ќе работи по принципот на железничко - патните контејнерски терминали, или таканареченото суво пристаниште (тоа се внинатрешни пристаништа поврзани со водно пристаниште, кои служат како масовен простор за складирање и царинење стоки). Терминалот во Крушевац со својата стратешка географска позиција и опременоста со железнички колосек ќе им дава целосна логистичка поддршка на клиенти од различни индустрии во регионот низ комплетен сервис на суво пристаниште: претовар на контејнери, паркинг за возила, вагање, царинско застапништво... 

Во 2021 година, компанијата со инвестиција од 2 милиони евра во овој сегмент на работењето го зголеми и капацитетот на интермодалниот терминал во Белград. По проширувањето, неговата површина изнесува 30.000 квадратни метри, а овозможен е и прием и одлагање на 1.500 полни и 500 празни контејнери. Сега на неделно ниво се сервисираат товарни композиции од Пиреј, Риека и Бар, со реално очекување дека листата ќе се прошири на Солун и други правци кон пристаништата во Западна Европа и во Турција. Бројот контејнери на терминалот во 2020 година беше 13.000, во 2021 е зголемен на 18.000, а лани ги имаше 20.000 единици. 

Извор: eKapija
Фото: Vladimir Miladinović Piki/Nelt

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...