„Студенац“ и „Конзум“ се добитници на наградата „Златна кошница“ за 2022, што ја доделува магазинот „Јас трговец“ за најдобри остварувања во малопродажбата и индустријата на стоки за широка потрошувачка.
Наградата се доделува осма година по ред.
Добивањето на наградата во главната категорија е симболична круна на петгодишната работа на трансформацијата и развојот на „Студенац“. Благодарност до сите вклучени во оценувањето што го препознаа нашиот силен раст и трансформацијата во модерна компанија. Упорноста, преданоста и мотивацијата на целиот тим на „Студенац“ стои зад сите овие постигнувања. Продолжуваме по истиот пат, изјави Миранда Младин, директорка за маркетинг во „Студенац“.
Голема чест е да се прими „Златна кошница“во годината во која одбележуваме 65 години постоење. Горди сме што ова е четврта награда за „Конзум“ за „трговец на годината“. Добиваме потврда за квалитетот на нашето работење во кое континуирано придонесуваме за заедницата и се докажуваме како вистински избор за нашите купувачи, доверлив партнер за добавувачите и добар работодавец за нашите вработени, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“.
Награда за најдобар производител освои „Кромарис“, за општествено одговорна компанија наградата ја понесе „Дукат“, најдобар мал трговец е загребскиот „Креденец“, а најдобар технолошки добавувач е „Маркер“ од Вараждин.
Извор/Фото: Ja Trgovac
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.