Компанијата „Лашко“ ја доби наградата за дизајн „Ред дот“ што ја доделува „Дизајн зентрум нортхеин вестфален“, за својата линија Union Premium со рељефно лого на вратот на шишето и комбинација од бои што ги поврзуваат сите четири производи во една целина.
Linija Union Premium, кој победи на овогодинешниот висок дизајнерски конкурс во група со силна конкуренција е доказ за исклучителноста на нашиот производ. Им благодариме на сите соработници и дизајнери кои придонесоа за ова исклучително достигнување. Ова е првпат да ја добиеме наградата „Ред дот“ и е важна пресвртница во развојот на компанијата и брендот Union и ја прави потполна нашата богата колекција награди и признанија, соопштија од „Лашко унион“.
Линијата беше лансирана минатата година и вклучува лименки и шишиња пиво. Лименките можат да се рециклираат, додека шишињата се повратна амбалажа.
Извор: InStore.si
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.