„Атлантик група“ во текот на првиот квартал во 2023 година забележа приход од продажба во износ од 215,6 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 16,8%. Под влијание на значителните поскапувања во целокупниот спектар на деловни активности, добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) е намалена за 12,2% и изнесува 20,9 милиони евра, додека нето добивката во првите три месеци е намалена за 20,4% и изнесува 9,6 милиони евра.
„Атлантик група“ во првиот квартал од 2023 година постигнува раст во сите деловни и дистрибутивни подрачја на сите важни пазари. Цените на суровините и материјалот за пакување, логистичките и други услуги и енергенси се и понатаму на високо ниво и како што најавивме тоа влијае на профитабилноста. Падот на профатибилноста делумно е ублажен со оптимизација на интерните ресурси и со зголемување на продажните цени на производите. Со силата на нашите брендови и луѓе, оперативната ефикасност и со вложување во дигитализација, модернизација и одржливост на работењето, подготвени сме за понатамошен раст, изјави Емил Тедески, претседател на Управниот одбор.
Најголем раст од 34,0 отсто оствари стратешката деловна област (СДП) слатко и солено, чиј водечки брендови се Smoki и Najlepse zelje и тоа под влијание на оптимизација на асортиманот и зголемени маркетинг активности како и подобри ценовни позиции на производите во однос на конкуренцијата. Следна е СДП пијалаци со носечкиот бренд Cedevita и раст од 23,8% , а потоа СДП кафе, со брендовите Bar caffe и Grand kafa со раст од 14,5%. Кај дистрибутивните области предничат Србија со раст од 24,0% и Хрватска со раст од 20,0%.
Во вкупната продажба на „Атлантик група“, екстерните брендови учествуваат со 27,1%, фармација сочинува 9,4% додека сопствените брендови имаат учество од 63,5% во продажните приходи. Кафето е со удел од 20,1% во вкупниот продажен приход се истакнува како најголема поединечна категорија.
На крајот на март „Атлантик група“ и „Подравка“ договорија соработка во САД и Австрија. Двете компании воведоа единствена практика на меѓусебна извозна поддршка, што подразбира дека дистрибутивната компанија на Атлантик во Австрија ќе обезбеди поддршка за пласман на производите на „Подравка“ на австрискиот пазар, а во исто време„Подравка“ ќе ги пласира производите на „Атлантик“ на американскиот пазар преку својата компанија во САД. Целта на оваа соработка е да се максимизираат меѓусебните синергии и зајакнување на пласманот на производите на двете компании како и подигање на препознатливоста на брендовите, користејќи ја развиената деловна мрежа и пазарните позиции кои „Атлантик“ и „Подравка“ ги имаат на овие пазари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.