Менаџерите и директорите на сите компании од „Нелт груп“ се собраа на еднодневна конференција на која беше претставен статусот на стратешките проекти, беа разгледани досегашните резултати и беа претставени плановите, една година по лансирањето на чадор - деловната стратегија „Забрзување 2025“.
Извршниот директор на „Нелт груп“, Милош Јелиќ, потсети на триесетгодишниот развој на компанијата од мал семеен бизнис до меѓународен организациски систем кој вработува над 5.000 луѓе во Европа и Африка.
Минатата година, „Нелт груп“ имаше највисоко ниво на пораст на приходите во последните шест години и така на најдобар начин покажавме дека почнавме да ја живееме стратегијата Accelerate 2025, рече Јелиќ.
На настанот беа претставени тимовите, добитници на наградата топ-акцелератор, кои во текот на претходната година водеа проекти кои најмногу придонесоа за забрзување на порастот на компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.