Извозот во 2022 година изнесуваше 700 милиони евра и беше најголем во историјата на Црна Гора, соопшти претседателот на црногорската влада, Дритон Абазовиќ.
Во однос на до сега рекордната 2019 година, извозот е поголем за дури 285 милиони евра.
Покриеноста на увозот со извоз во 2022 година беше 19,8 отсто, а во 2019 година беше само 16 отсто. Ова покажува дека почнавме со диверзификација на црногорската економија, кажа Абазовиќ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.