„Шпар“ - Словенија и добротворната организација „Анина ѕвезда“ заеднички се здружија во празничната акција „Да помогнеме заедно“. Притоа, до крајот на годинава купувачите можат да донираат храна со подолг рок на траење во сите продавници на „Шпар“, а трговецот ќе ѝ даде на организацијата донација во вредност од 10.000 евра.
Половина од донацијата е во прехранбени производи, од кои волонтерите на организацијата подготвија повеќе од 200 прехранбени пакети за семејствата во неволја. Преостанатите 5.000 евра се префрлени преку платформата Truhoma, која развива иновативни технологии за донирање и примање помош на 100 отсто транспарентен начин. Така, повеќе од 150 семејства од Словенија добија пакети со храна, хигиенски средства, производи за деца и друго, директно во своите домови.
Покрај тоа, „Шпар“ - Словенија во соработка со своите добавувачи донираше играчки во неколку институции во Словенија. Исто така, компанијата учествуваше во акцијата „Две илјади оброци за бездомници“ и обезбедија 120 пижами за пациентите на Универзитетската клиника за детска хирургија во Марибор.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.