Регион

„Перутнина Птуј“ објави хуманитарна колекција NFT

08 Nov 2022

„Перутнина Птуј“ објави колекција на NFT под капата на брендот Poli, на платформата Big Heart.

Имено, шест различни Poli знаци ќе добијат по 100 NFT, што е вкупно 600. Секој ќе има можност да добие еден или повеќе NFT со донација од 25 евра.

Примател на донациите од првата колекција на Poli NFT е Здружението PP Pomagajmo, кое ќе ѝ помогне на Итната хируршка служба на „Мултидисциплинарната болница Бастан“ во градот Миколаев, Украина, со набавка на дефибрилатори и комплети за реанимација. Покрај паричните донации, „Перутнина Птуј“ во болницата ќе донира и пакет производи во истиот износ, соопштија од компанијата.

Дополнително, како награда за донацијата, примателите на NFT ќе добијат и маица со ликот на Poli.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...