„Aтлантик група“ во текот на првите девет месеци од 2022 година забележа приход од продажба во износ од 627,5 милиони еврa, што во однос на истиот период минатата година претставува пораст од 10,8 отсто.
Под влијание на значителни зголемувања на цените во севкупниот спектар на деловни активности, добивката пред (EBITDA) е намалена за 20,3 отсто во однос на првите девет месеци од 2021 година, и изнесува 71 милиони еврa, додека нето-добивката е намалена за 32,1 отсто и изнесува 36,2 милиони еврa.
Очекуваме непречен тек на производството и понудата за нашите купувачи и потрошувачи, но континуираните проблеми во синџирите на снабдување, зголемувањето на каматните стапки, рекордната инфлација и глобалната неизвесност ќе го одложат очекуваниот почеток на закрепнувањето на профитните маржи на 2024 година, истакна претседателот на Управата на „Атлантик група“ Емил Тедески.
Најголем раст од 19 отсто оствари Стратешката бизнис област (СБО) пијалаци, кафе, а со двоцифрен пораст од 13,2 отсто се истакна и синџирот аптеки. Кај дистрибутивните области предничат Србија со пораст од 15,3 отсто и Хрватска со пораст од 10,3 отсто. Со одлично завршена дистрибутивна работа, преку проширување на дистрибутивното портфолио, може да се пофалат Србија и Северна Македонија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.