Регион

„Подравка“ во првите 9 месеци оствари пораст на приходите за 9,7 отсто

03 Nov 2022

Приходите од продажба се зголемени за 9,7 отсто, a нето добивката за 3,8 отсто.

Инвестициите во првите девет месеци изнесуваат околу 39 милиони евра, речиси три пати повеќе од истиот период лани.

Компанијата оствари раст на приходите 43,6 милиони евра, односно 9,7 отсто повеќе од истиот период лани.

Категоријата храна забележа пораст од 11,1 отсто, додека сегментот фармацевтски производи забележа пораст на приходите од пет отсто.

 (EBITDA во овој период е повисока за 5,7 отсто, а нето добивката за 3,8 отсто во однос на првите три квартали од 2021 година. Сепак, споредувајќи го третиот квартал од 2022 година со истиот период во 2021 година, видливо е пад на нето-добивката во сегментот храна, што е директна последица на деловните услови кои дополнително се влошија поради порастот на цените на суровините, амбалажата и енергијата. Имено, трошоците за суровини, амбалажа и енергија во овој сегмент се за 25,3 отсто повисоки во однос на девет месеци од минатата година.

Деловните услови во првите девет месеци беа попредизвикувачки отколку што очекувавме на почетокот на годината, поради што сме силно фокусирани на оптимизирање на сите видови трошоци и одржување на обемот на продажба. Во изминатиот период, со активно управување со залихите, продажните цени и зголемувањето на производната ефикасност, делумно го амортизиравме зголемувањето на цените на суровините, амбалажата и енергијата и со тоа успеавме да го одржиме порастот. Посебно ме радува што во вакви тешки околности ги зголемивме платите на нашите работници на крајот на март. Сепак, важно е да се нагласи дека резултатите постигнати во првите девет месеци не го одразуваат тоа што се очекува на годишна основа, изјави претседателката на Управниот одбор на „Подравка“, Мартина Далиќ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...