Регион

„Књаз Милош“ и Pepsi отсега заедно на пазарот

06 Sep 2022

Компанијата „Књаз Милош“ стана официјален производител и дистрибутер на брендовите „Пепсико“ за пазарите во Србија и Црна Гора.

Глобалните брендови Pepsi, Pepsi Max, 7Up, Mirinda, Evervess и Ivi сега се носат на полиците и пред потрошувачите од тимот на „Књаз Милош“, заедно со веќе познатите водечки регионални брендови на компанијата: Knjaz Miloš, Aqua Viva, Guarana, ReMix Knjaz, Tube, Golf и Gusto.

Како што најавуваат од компанијата, новиот деловен потег ќе овозможи дополнителен пораст на компанијата, која во изминатите неколку години бележи континуиран напредок и преку иновативно работење го развиваше регионалниот пазар на безалкохолни пијалаци.

Ова е голема пресвртница за компанијата „Књаз Милош“, бидејќи нашето портфолио станува сеопфатна и силна комбинација на водечки регионални и светски познати пијалаци. Нашата мисија е да продолжиме да ја пишуваме богатата историја на „Књаз Милош“, а овој стратешки чекор ни овозможува да го направиме токму тоа, изјави Милош Стојисављевиќ, генерален директор на компанијата Књаз Милош.

Кристоф Гије, извршен директор на бизнисот со франшиза за европскиот пазар во „Пепсико“ истакна дека градењето силни врски со потрошувачите, соработниците и целата заедница во која работат е клучот за одржлив успех на пазарот.

Ова партнерство ќе ни помогне да продолжиме да инспирираме преку нашите брендови и да нудиме производи со најдобар квалитет на потрошувачите. Задоволни сме што имаме можност да растеме заедно, изјави тој.

Во соопштението се наведува дека со најновото дополнување на портфолиото, се очекува „Књаз Милош“, со над 1.000 вработени, да продаде близу половина милијарда единици пијалаци, со обрт од над 150 милиони евра годишно.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...