Под влијание на значајните поскапувања во рамките на целокупното работење, заработката на „Атлантик група“ пред камата, данок и амортизација (EBITDA) е намалена за 13,6% во однос на првото полугодие во 2021 година, и изнесува 44,6 милиони евра, додека нето добивката е намалена за 23,1 % и изнесува 22,3 милиони евра.
„Атлантик група“ во првото полугодие од 2022 година оствари значаен раст на приходите, и покрај предизвиците со кои се соочуваше. Растот на приходите е остварен во сите деловни и дистрибутивни региони пред се поради одличните резултати од продажба на сопствените брендови и принципалите, како и благодарение на подобрата епидемиолошка ситуација на сите пазари и укинувањето на пост-пандемските мерки, што позитивно се одрази посебно на приходите во ХоРеКа каналот. Дел од порастот на приходите е резултат и на покачувањето на продажните цени, со што само делумно се компензираа негативните влијанија од големото поскапување на клучните суровини, амбалажните материјали, енергенсите и услугите, а како и што најавивме влијаеше на падот на профитабилноста. И покрај сложената економска состојба, и во втората половина од 2022 година очекуваме непречено производство и континуирано снабдување на нашите купувачи, но и продолжување на силни инфлациони притисоци, изјави претседателот на Управата на „Атлантик“, Емил Тедески.
Пијалоци, кафе и фармација со предност на пазарот, дистрибуцијата се шири
Најголем раст од 23,1% оствари стратешко деловното подрачје „пијалаци“, чиј водечки бренд е Cedevita, следи категоријата кафе, со брендовите Barcafe и Grand cafe со раст од 15,3%. Значаен раст од 15,1 % има остварено и медицинскиот ланец фармација, а двоцифрена стапка на раст од 10,6% има и категоријата деликатезни намази, со носечкиот бренд Argeta. Меѓу пазарите води БиХ со раст од 16,2 %, Србија со раст од 14,9 % и Хрватска со раст од 11,8 %. Во првата половина од годината, продажбата на принципалните брендови вкупно порасна за 10 %. На крилјата на добро реализираниот дистрибутивен бизнис, дистрибутивното портфолио се прошири, со соработка со новиот принципал на Интерснек (Чио) во Србија и со проширување на успешната соработка со Red Bull во Србија и на подрачјето на Северна Македонија.
Рекордна дивиденда, поделба на акции и ширење на НО-а
Од поважните корпоративни настани, треба да се истакне дека е исплатена историски највисоката дивиденда во износ од 50 куни по акција, а донесена е и одлука за поделба на акциите на „Атлантик група“, врз основа на која една постоечка акција, со поединечен номинален износ од 40 куни, беше поделена на четири нови редовни акции, со поединечен номинален износ од 10 куни. Дополнително, Надзорниот одбор на компанијата беше проширен на девет члена, а составот на ова тело го засилија и др. Весна Невистиќ, искусен експерт во областите на банкарството, процесите на реструктуирање и корпоративниот развој, и Зоран Вучиниќ, докажан глобален менаџер со исклучително успешна меѓународна кариера во областа на стоките за широка потрошувачка.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.