Регион

Поевтини пилешкото месо во БиХ

14 Jul 2022

Пилешкото месо во БиХ е поевтино за 20 отсто во споредба со пролетва. Со оглед на тоа дека цените на житарките на светските берзи полека паѓаат, се очекува дополнително намалување на цената во следниот период, соопштија од Координативното тело за живинарство во БиХ. 

Дојде до пад на цените, што прилични ги релаксира џебовите на потрошувачите. Тоа е последица, пред се, на многу сиромашниот пазар и падот на прометот. Освен тоа, ситуацијата е подобрена кога станува збор за производство на сточна храна. Според моменталните цени на јајцата, производителите се наоѓаат на нула, па дури и се во минус, па неколку фирми беа затворени, изјави Предраг Миличиќ, претседател на Координативното тело за живинарство.

Тој е и директор на компанијата „Агрекс“, единствена од БиХ што има дозвола за извоз на јајца за преработка во ЕУ. Од таа позиција, оцени дека изминатите два месеци беа исклучително тешки за производителите на живина и на јајца. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...