Регион

„Дукат“ од 1 август ќе ги зголеми откупните цени на млекото

24 јун 2022

Млечната индустрија „Дукат“ најави дека по шести пат оваа година ќе ги зголеми откупните цени на млекото - од 1 август, ќе плаќа по дополнителни 15 липи за литар предадено млеко, со што откупната цена од почеток на годината ќе порасне за вкупно 80 липи за литар млеко. 

Од „Дукат“ соопштија дека во споредба со август минатата година, цената на откупено млеко е повисока за 35 отсто, со што се обидуваат на своите кооперанти да им ги надоместат растечките трошоци. Сепак, од компанијата велат дека како преработувачка индустрија не можат во целост да ги пренесат зголемените трошоци во производството на млеко на готов производ и така дополнително да ги оптоварат потрошувачите. 

Со вложувањето во откупната цена на млекото, кое од почетокот на годината изнесува 115 милиони куни, настојуваме на нашите кооперанти да им го надоместиме порастот на влезните трошоци и цената на енергенсите, соопштија од „Дукат“. 

Од таму потсетуваат дека производството на млеко во Хрватска е во постојан пад. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...