„Дукат“ продолжува да ги зголемува откупните цени на млекото од своите кооперанти - од 1 април, цената ќе биде повисока за 15 липи за литар, а од 1 мај, ќе се зголеми за уште 10 липи за литар, најавија од компанијата.
Ова зголемување, заедно со последните две зголемувања, вкупно ќе чини зголемување од 50 липи за литар откупено млеко. На овој начин сакаме да им помогнеме на нашите фармери да го сочуваат работењето и егзистенцијата, што ќе резултира со вложување од 90 милиони куни годишно во примарниот сектор, соопштија од „Дукат“.
Ситуацијата со преработката на млеко е сериозна, а посебно загрижува фактот дека веќе со години опаѓа примарното производство на млеко во Хрватска.
Свесни за тешките услови во кои нашите кооперанти работат подолго време, а кои дополнително се усложнети од растот на влезните трошоци и нарушувањата на светскиот пазар на храна, правиме се што е во наша моќ да ги подджиме кооперантите во производството на млеко, истакна Душко Глишиќ, директор на „Дукат“
„Дукат“ е најголем откупувач на млеко во Хрватска. Свежо сурово млеко откупува во 15 жупании и соработка со 1.600 производители, од кои дури 50 отсто со сопственици на мали фарми.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.