Регион

Argeta ја лансира својата НФТ колекција

09 Mar 2022

Првиот FMCG-бренд кој влегува во дигиталниот свет со сопствена колекција на единствени дигитални токени познати како НФТ е брендот Argeta, еден од најголемите производители на месни, рибји и намази од зеленчук. 

Со поставување на својот бренд во новиот технолошки простор Web3.0, Argeta станува еден од неколкуте светски брендови кои своето работење кое се темели на традиција успешно го прилагодуваат на најсовремените технолошки иновации, соопштија од „Атлантик група“, производителот на Argeta.

НФТ колекцијата, која ќе биде лансирана денеска, се состои од 21 единствен дигитален токен инспирирани од брендот и новите времиња кои донесуваат уште неистражен простор на иднината. 

Argeta е подготвена за новите времиња и сака да ги следи своите обожаватели без разлика на тоа каде го живеат својот живот - во дигиталниот или во физичкиот свет, изјави Ензо Смрекар, потпретседател на „Атлантик група“ за деликатесни намази Donat  и интернационализација. 

НФТ колекцијата ќе биде објавена на социјалните мрежи на Argeta. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...