Регион

„ПИК Врбовец“ почна да извезува во Јапонија

07 Feb 2022

„ПИК Врбовец“ е првата хрватска месна компанија која почна извоз во Јапонија, соопштија од хрватското Министерство за земјоделство

Компанијата, откако ги реализира строгите јапонски критериуми за обработка и производство на јунешко месо, во јануари ја реализираше првата испорака на месо наменета за Хорека каналот во Јапонија, па така производите на ПИК ќе се најдат на менито во јапонските ресторани. 

Јапонија е втор најголем увозник на месо и месни шреработки во светот, пред се на квалитетно јунешко месо. Затоа е многу важен пазар за нас. Горди сме што сме прва хрватска месна индустрија која своето месо го извезува во Јапонија. Ова е уште една потврда на квалитетот на сточарското производство и одлична вест за домашните производители, генерално, изјавија од „ПИК Врбовец“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...