Хрватската млекарница „Дукат“ претстави нов дизајн на Dukat млеко и јогурт.
Посветеноста на брендот Dukat кон потрошувачот секогаш била наша страст и наша цел. И затоа Dukat го менува своето руво - му дава нов изглед и нов сјај со кој се истакнува нашата 110-годишна посветеност кон млекото и исто толку долгата историја која ја пишива со генерации свои потрошувачи, соопштија од компанијата.
Новиот дизајн постепено ќе се пренесува на целиот асортиман на Dukat, со што дополнително ќе се зајакне и ќе се позиционира брендот.
ПОкрај дизајнот, млекарницата претстави и ново, современо пакување на Dukat трајното млеко во тетрапак пакување EDGE, инвестиција вредна повеќе од 4 милиони евра. Тоа е попорактично за користење бидејќи овозможува прецизно излевање, целосно празнење и полесно отворање и затворање.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.