Регион

БиХ: Првите производи од „Ласта“ на чекор до пазарот

16 Aug 2021

Прашање на денови е кога од производствените ленти ќе се „симнат“ првите кекси и кога Чаплина повторно ќе замириса на препознатливите вкусови на штрудла, кекси, крем - стапчиња и на другите производи по кои беше посната чаплинка „Ласта“, пренесуваат босанските медиуми

Во фабриката (која ја купи Петар Ќорлука, сопственик на „Виолета“) се носат најквалитетните машини на пазарот, од германско и италијанско потекл. Кога се ќе биде готово, фабриката нема да биде организирана како порано - производството, лабораторијата и управата ќе бидат сместени во иста зграда. 

Ќорлука работи на осовременување на „Ласта“ од 2019 година, кога најави дека во фабриката ќе вложи над 10 милиони евра и дека Чаплина ќе биде местото каде ќе се произведуваат само најквалитетни кондиторски производи. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...