Во следната година, секое бебе и мајка кои ќе излезат од родилиштето „Бетанија“ во Нови Сад, ќе добијат подарок пакет од компаниите „Универекспорт“.
Оваа акција е во организација на водечките компании компании на пазарот („Виолета“, „Беколино“, „Хенкел“, „Павлогал“), со што 6.500 бебиња во текот на оваа и наредната година ќе добијат подарок пакет како помош во првите денови од раѓањето на бебето. Секој пакет содржи: пелени, омекнувач, прашок, сапун, купка, крема и влажни марамчиња спакувани во кутија, која ѝ се дава на секоја мајка на денот кога ќе излезе од родилиштето.
„Универекспорт“ е компанија која своите први чекори ги направи во Нови Сад, од каде малопродажната мрежа понатаму се прошири во Србија. Оваа кампања е уште еден симболичен придонес во рамки на слоганот „Најдоброто наше за најдрагите ваши“, со која „Универекспорт“ го одбележува јубилејот, 30 години постоење на пазарот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.