Визионерските потфати и ентузијазмот и по 10 години се наши карактеристики во креирањето квалитетни содржини и настани што ѝ се потребни на FMCG-индустријата. Секој број е производ на синергијата на нашата и на редакциите на InStore во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.
Редакцијата на InStore – Србија: Дека ја сторивме вистинската работа во изминатите 10 години и дека стекнавме голем број не само верни партнери, туку и пријатели на нашата куќа, се потврди и излезе во прв план токму кога ни беше најтешко. Пофалните зборови и поддршката што ни пристигнаа од компании со кои веќе долго време соработуваме, но и од многу нови, ни помогнаа да опстанеме. Но, не само тоа. Тие ни посочија дека сме на добар пат и дека она што го правиме, секторот го препознава како значајно и корисно. И тоа е нашата основна визија и мисија – да му служиме на секторот и да му помогнеме постојано да напредува. Ние во Србија, како и нашите колеги во Македонија, наскоро ќе го имаме 100-тиот број на магазинот. Овој значителен број ни носи дополнителна обврска и одговорност да продолжиме со истото темпо и во иднина. Да бидеме со вас, во добро и во лошо. Прочитајте повеќе
Редакцијата на InStore – БиХ: Принципот според кој се водиме сите овие години е содржан во стратегијата што ја нарековме 5 ИН – информација, интеракција, инспирација, иновација и инвестиција. Тоа се чекорите што мора да ги направиме за успехот да биде неизбежен.
За себе, сакаме да кажеме дека сме комуникациска платформа за FMCG-индустријата. Освен магазинот, организираме и конференции, самити, едукативни работилници... Спојка меѓу производителите, дистрибутерите и трговците – тоа го велиме за себе, а се надеваме дека и читателите нѐ перципираат на истиот начин, бидејќи поради нив постоиме и опстојуваме. Прочитајте повеќе
Редакцијата на InStore – Хрватска: Списанието InStore има динамичен и предизвикувачки пат на хрватскиот пазар. Сепак, нашата мисија е да бидеме врска меѓу производителите, дистрибутерите и трговците. За да го постигнеме тоа, ние секој ден настојуваме да ги надминеме границите на очекуваното, а свесни сме дека рецептот за успех е тимска работа.
Секогаш настојуваме да го извлечеме позитивното во какви било услови. Впрочем, мислењето „надвор од кутијата“ е една од нашите најголеми доблести. Прочитајте повеќе
Редакцијата на InStore – Словенија: Ако во 1991 година политички се разминавме, тоа не значи дека мора да се „заклучиме“ и во другите области, меѓу кои економската е една од најважните, ако не и најважна. Во време на омразениот коронавирус, таа соработка ни значи уште повеќе бидејќи сме посилни само кога сме заедно. Тоа би бил советот до сите наши читатели, како на професионален така и на приватен план. Многу значи кога имаш вистински животен сопатник, пријател, поддршка, соработници, екипа... Тогаш си посилен и сѐ е полесно. Дури и кога е премногу тешко. Дури и кога сме исправени пред една навидум невозможна мисија, како што беше во нашиот случај.
Една од причините е и таа што заедно како InStore сме многу посилни. InStore може да се пофали дека е единствениот регионален трговски магазин, а убедени сме дека во светот никаде не постои месечник кој толку долго опстојува во 5 држави и на повеќе јазици. Прочитајте повеќе
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.