Регион

Словенија со највисока стапка на невработеност од почетокот на пандемијата

07 апр 2021

Регистрираната стапка на невработеност во Словенија во јануари е највисока од избувнувањето на коронавирусот пред крајот на првиот квартал од минатата година, покажуваат податоците на словенечката служба за вработување.

Регистрираната стапка на невработеност во Словенија достигна 9,4% во јануари, што е за 0,5 процентни поени повеќе отколку во декември.

Регистрираната стапка на невработеност кај мажите во јануари беше 8,7 проценти, а кај жените 10,3 проценти.

Постои општ консензус меѓу експертите дека мерките против коронавирусот на пазарот на трудот, како што се субвенционирање на чекање за работа дома и работа со скратено работно време, придонесоа за незначително зголемување на невработеноста. Не се еднакво погодени сите делови на економијата бидејќи невработеноста се зголеми главно во секторот услуги.

Во Словенија со месеци е забрането да се биде на улица од 21 до 6 часот наутро, а до неодамна беа отворени само прехранбените продавници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...