Регион

Австриската ОМВ продава 120 бензински пумпи во Словенија

05 Feb 2021

Австриската енергетска компанија „ОМВ“ објави дека планира да продаде 120 бензински пумпи во Словенија, како дел од програмата за деинвестиции, откако продаде 300 во Германија минатата година.

Не продаваме сопствен бензин на бензински пумпи во Словенија, затоа решивме да ги продадеме, објасни на новинарите и инвеститорите извршниот директор на ОМВ, Рајнер Силе.

Најавената продажба на бензински пумпи во Словенија, заедно со продажбата на единицата за производство на ѓубрива на подружницата за хемикалии „Бореалис“, е дел од планот за деинвестиција, усвоен од компанијата во март минатата година, со кој се предвидува продажба на средства од 2 милијарди евра.

„ОМВ“ исто така ја обновува својата деловна стратегија во светло на промените во деловното опкружување. Ако досега имаше намера да го зголеми производството на нафта на 600.000 барели на ден на среден рок, плановите се намалени. Според најновите предвидувања, производството ќе изнесува 480.000 до 500.000 барели дневно.

„ОМВ“ лани забележа нето добивка од 1,3 милијарди евра, што е за 25% помалку од претходната година. Во исто време, тој оствари приход од 16,6 милијарди евра, што е за 29 проценти помалку отколку во 2019 година. Оперативниот профит падна за 71 процент, на 1,1 милијарда евра. Причината за полошата деловна активност е падот на цените и побарувачката на нафта во позадина на пандемијата Ковид-19.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...