Забраната за употреба на пластични кеси за еднократна употреба на продажните и сервисните пунктови во Нови Сад стапи на сила од 1 јануари.
Дотогаш, трговците имаа рок да се приспособат на новите правила и да пуштат на пазарот исклучиво биоразградливи пластични кеси. Забраната се однесува на целата трговија на големо и мало, но исто така и на пазарите во Нови Сад.
Одлуката на градот во врска со оваа забрана е донесена во 2019 година, а исто така пропишува и казни за оние што ја прекршуваат: казна од 150.000 динари за правно лице и 25.000 динари за одговорно лице кое користи неразградливи пластични кеси на продажното место. Доколку се утврди дека ја прекршил одлуката, претприемачот ќе се казни со парична казна во износ од 75.000 динари, а за физичко лице - казната е 25.000 динари.
Министерството за заштита на животната средина објави борба против пластичните кеси во Србија. Следуваа локални и регионални иницијативи, како оваа во Нови Сад.
Имплементацијата на оваа одлука може да биде тешка во малите маркети, независните продавници и други објекти кои не се дел од поголемите организациски единици на синџири и компании. Пластични кеси сè уште се во оптек во трговијата и угостителството, а биоразградливата кеса може да се препознае бидејќи е јасно обележана и се наплаќа. Некои бизнисмени, ставаа лажни печати за биоразградливост на обичните кеси.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.