Регион

„Певекс“ исплаќа надомест за Божиќ и покрај пандемијата

25 Nov 2020

Управата на „Певекс“ се обидува да го сочува стандардот на своите вработени без разлика на комплексната ситуација предизвикана од пандемијата. Затоа и оваа година ќе добијат додаток за Божиќ и пригодни подароци за децата, соопштија од „Певекс“. 

Секогаш истакнуваме, со причина, дека сме горди на нашите вработени, бидејќи без нив немаше да успееме да задржиме нивото на работење што го остваривме во последните неколку години. Сите наши работници покажаа исклучителен ангажман по повторното отворање на нашите продавници, кои работеа ограничено два месеци поради заштитните мерки. И покрај тогашниот губиток, ги одржуваме месечните примања на нивото пред пандемијата. Божиќниот надомест за секој работник е по 1.000 куни, подароците за децата се во вредност од по 600 куни, велат од компанијата. 

„Певекс“ има околу 2.000 вработени. Компанијата за надоместоците за Божиќ ќе издвои околу 2 милиони куни. Заедно со додатокот за Велигден и регресот за годишен одмор, компанијата оваа година исплати преку 5 милиони куни дополнително, покрај платите. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...