Регион

„Воли“ најави проширување на регионалниот пазар

30 Oct 2020

Компанијата „Воли“ најави проширување на деловната активност и влез на регионалниот пазар, а се планираат и нови инвестиции во земјоделско производство.

Како одговор на информациите што се појавија во црногорските медиуми, „Воли“ тврди дека не е точно дека компанијата ќе биде продадена на „Лидл“. Црногорскиот трговец најавува понатамошно ширење на деловната активност и влегување на регионалниот пазар заедно во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која има 15,7% сопственички удел во „Воли“.

Ние ги отфрламе сите гласини и шпекулации за продажба на „Воли“. Компанијата е најголемиот работодавец во Црна Гора, најголем земјоделски производител и неспорен лидер на пазарот. Од 2009 година, соработуваме со ЕБОР 11 години и таа е косопственик на компанијата со 15,7%. Ние сме единствената црногорска компанија во која ЕБОР има свој капитал, соопштија од компанијата.

Вооедно од компанијата најавуваат реализација на поставените цели - освен проширување на пазарната мрежа и влегување на регионален пазар, зајакнување и проширување на земјоделското производство во Црна Гора, инвестирање во производство во други индустрии преку партнерства со најдобрите домашни производители.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...