Следејќи ја долгорочната визија на Бранко Роглиќ, сопственикот на групацијата „Орбико“, во рамките на проектот Orbico Adriatic Wines почна извозот на вино од Јадранскиот Регион, а на новата веб-страница компанијата претстави низа вина од овој регион.
Квалитетните вина од Јадранскиот Регион, сместени во умерената климатска зона, се карактеризираат со свежи и модерни вина од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина. Од компанијата велат дека тие сакаат да ги доближат вината од регионот љубителите на вино од другите земји каде што работи „Орбико“.
На меѓународната листа на вина, сакаме да ги претставиме современите достигнувања на виното и специјалитетите на Јадранскиот Регион како фантастични дестинации за врвни гастрономски задоволства. Новата веб-страница претставува избор од 31 винарија и во понуда се повеќе од 350 различни вина. Новата страница ги нуди сите региони на вино, производителите на вина и нивните вина, новости за виното и туристичките дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот, рече Томаж Бакчиќ, раководителот на тимот на Orbico Adriatic Wines, за InStore.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.