Македонија

Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово

06 Oct 2020

Mакедонските државјани од понеделник, 12 октомври, ќе може да влезат во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина без негативен ПЦР-тест. Исто така, и државјаните на овие четири земји ќе може да влезат во земјава без тест.

Премиерот Зоран Заев соопшти дека Владата ја прифатила препораката од Комисијата за заразни болести и е донесена одлука да се овозможи непречен влез на странските државјани од овие четири земји.

Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји без обврска да приложат негативен тест, соопшти Заев.

Одлуката е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје.

Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19, наведе Заев.

 


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...