Македонија

„Витаминка“ почна извоз во Јапонија

14 Sep 2020

„Витаминка“ го реализира првиот директен извоз во Јапонија. Пласманот на производите на компанијата на јапонскиот пазар следи по детално направено истражување на локалните пазарни специфики, присутната конкуренција и прехранбените навики.

Моментално „Витаминка“ има континуиран извоз во повеќе од 30 земји, а со вклучување на  јапонски пазар, кој е исклучително софистициран и пребирлив, реализацијата на странските пазари го продолжува трендот на зголемување и кон најдалечните дестинации.

Извезуваме во многу земји, со различни културни и прехранбени навики и различна структура на малопродажната индустрија од аспект на концентрација и формати, но извозот во Јапонија е посебно значаен. Овој пазар се издвојува со својот обем, високите квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики до кои успеавме да ги доближиме нашите производи. Го испорачавме првиот контејнер на карамел-бисквит, со наш оригинален бренд, но со адаптации на јапонските стандарди. Во фаза сме на подготовка и на нови артикли за тој пазар. Задоволството од довербата што ни ја даваат партнерите од таква далечна дестинација во вакви кризни времиња е непроценлива сатисфакција за „Витаминка“, вели Љупчо Велески, директор на секторот извоз во компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...